Еднодневните тренинзи „100% Успех!“ ќе се одржат на 13 и 14 мај 2011 година.

Со вашето учество добивате 10% попуст на сите изданија од фантастичната колекција книги во книжарницата ТРИ. Исто така добивате и 20% попуст во Cafe di Roma, на улица Македонија.

Изненадување:
Light catering ќе биде обезбеден од страна на Гурман Фест, манифестација која за прв пат ќе биде организирана на полоштадот на град Скопје

Излезете од зоната на комфорот, резервирајте термин кој вам најмногу ви одговара и подгответе се за акција!
Програма

09.30–10.00 Добредојде со утринско кафе/чај - Experience cafe

10.00–14.00 100% Успех! тренинг - Club Be - Two

14.00–15.00 Light catering - Experience café

15.00–17.00 100% Успех! тренинг - Club Be – Two

17.00–17.30 Кафе/чај пауза - Experience cafe

17.30–18.30 100% Успех! тренинг - Club Be – Two

Термини
Еднодневните тренинзи ќе се одржат на 13 и 14 мај, Club Be Тwo, Плоштад Македонија;
15 мај – По завршувањето на еднодневните тренинзи за сите учесници во Experience caféод 13:00 до 15:00h, ќе биде организирана 100% Успех Забава!



Со секој купен билет вие донирате 5% во невладината организација ‘’Хуманост’’, и со тоа ќе им помогнете на старите лица да добијат бесплатна помош во домашни услови. Покажете ја вашата хуманост и освестете го моментот дека повредно е да се допре човечки живот од било која сума на пари! По завршувањето на тренингот детален извештајод донацијата ќе биде објавен на веб страницата на Тренинг центарот Ксантика

Промотивната цена на еднодневниот тренинг е 2.800 денари (за правни лица на цената ќе се додаде 18% ддв). 

Пријавување и уплата најдоцна до 6 мај 2011 на жиро сметка на: Агенција за комуникација Ксантика SSS ДООЕЛ Скопје: Стопанска Банка 20000 164 762 1719. Вашето учество ќе биде потврдено веднаш по уплатата.

Контактирајте не за групни попусти на телефон:
070 – 793 443 Ивана
078 – 202 616 Нела

Маил контакти:
contact@ksantika.com
nela@ksantika.com












100% Успех!

Искреирајте го вашиот живот, направете го најдобриот можен филм и добијте Оскар за најдобро животно дело – вашиот живот!





Download

100% Успех, Ксантика.pdf (2.539 KB)

Тренингот 100% Успех, покрај другото е базиран на најпознатата техника за успешно комуницирање и поставување на лични и професионални цели:


Невро Лингвистичко програмирање!
Оваа техника веќе со децении ја користат многусветски лидери, глумци и влијателни личности,реномирани компании, најпознатите и најуспешните спортисти во светот:Vladimir Putin, Nelson Mandela, Bill Klinton, Oprah Winfrey, Kevin Costner, Antony Hopkins, Microsoft, Mercedes, Daimler Chrysler, Hewlett Packard, IBM, McDonalds, BMW, Diners, Sony Ericsson, VIP, Suzuki, Fiat, Delta Generalli, INA, Andre Agassi, David Beckham, The Lakers и многу други, своите успесиги засноваат на примената на оваа техника.

Тренингот 100% Успех го води Марина Анчевска.Таа е динамичен предавач и во текот на целиот тренинг вашата енергија ја држи на највисоко ниво и со нетпрение го очекувате секој нов момент.

Нејзина инспирација во животот и работата се најголемите тренери и светски мислителикако што се: Antony Robbins, Eckhart Tolle, Osho, Napoleon Hill, Robin Sharma, Wayne Dyer, Bruce Lipton, Jamie Smart, Krishnamurti, Carl Jung, како и многу годишното професионално искуство со групните тренинзи, коучирањето и јогата во Холандија и во Македонија.

Марина го живее тоа што го работи и го работитоа што го живее. Нејзиниот ентузијазам и позитивна енергија се заразни и невозможно е да останете неутрални.

Верувајте дека на овој тренинг со 100% успех вие ќе научите како вашата животната игра да ја играте најпаметно!


Доколку се прашувате дали овој тренинг е за вас, размислете и одговорете ги следните прашања:

Дали ги живеете вашите соништа или го сонувате вашиот живот?

Дали знаете дека вие сте само една мисла одалечениод промената на вашиот живот?

Што ако би ја имале можноста да промените нешто што ве запира и да го остварите тоа што го посакувате и што го заслужувате?

Што ако би можеле да ја подобрите вашата финансиска состојба, да искреиратеидеално работно место или да го усовршите вашиот изглед? Го сакате ли сето тоа и уште повеќе?

Можете ли да замислите дека живеете живот исполнетсо радост и среќа?

Што е тоа што најуспешните и најпознатите луѓе во светот во сите области (врвни спортисти, врвни деловни луѓе, врвни политичари, врвни шоумени и др.) знаат и го употребуваат за да ги постигнат своите цели?

Во текот на овој настан ќе добиете практична и едноставна:

  • Техника како да ја смените моменталната состојба во која се наоѓате, физиолошката и менталната, со цел да креирате однесување кое што ви носи успех. Ќе ги препознаете личните начини на дејствување и во состојба сте истите да ги креирате и менувате според потребите,
  • Техника за концентрација и фокусирање со која ќе ги освестите личните вредности и способности и со тоа ќе ја зголемите емоционалната интелегенција,
  • Техники на дишење кои што ги користат врвните спортисти и најуспешните луѓе со помош на кои ќе го искористите целиот ваш потенцијал, ќе го елиминирате стресот, ќе откриете што ве запира и што навистина сакате,
  • Техника на менаџирање на вашето време со која ќе креирате време за остварување на вашите најважни лични и професионални цели,
  • Техника на мотивирање со која ќе ја зголемите вашата самодоверба, ќе бидете повлијателни, ќе придонестете повеќе и ќе им помагате повеќе на другите,
  • Најуспешната техника за поставување на лични и професионални цели со која вие ќе станете креаторот на својата реалност и ќе знаете како да ги формулирате целите и вашите идеи да ги спроведувате на дело.
Дали сакате да имате возбуда и енергија како никогаш досега – тогаш дојдете и уживајте во овој навистина несекојдневен настан!