Business Coaching

Марина Анчевска

Марина Анчевска е сертифициран NLP Coach, која во Холандија успешно водеше и мотивираше луѓе со различни професионални дисциплини.


Цена

Коучингот е индивидуален процес и затоа во согласност со потребите на клиентот се договара понатамошниот тек на разговорите.


Општи услови

Ве молиме прочитајте ги детално "Општите улови" за работа со Агенцијата >>
Business Coaching – Коучинг

Како вашата компанија да заштеди во време на криза?

Со професионално коучирање на вашите вработени вашата компанија може да се заштити од непотребни трошоци.
Со професионално водење, менаџирање и мотивирање на вашите вработени можете заедно брзо и едноставно да ја постигнете целта и со тоа да остварите позитивни резултати.
 

Што е коучинг?

Коучингот е методологија која користи разни техники за да ги инспирира и мотивира луѓето успешно да ги постигнат своите цели.
 
Групниот коучинг го користат компании за да ја зголемат ефикасноста и ефективноста на тимот како целина. Ако сакате да ја развивате и да ја водите вашата компанија во правец на успехот, коучингот може да биде професионална подршка.
 
Индивидуалниот коучинг го користат професионалци за постигнување на лични и професионални цели.
 
Коучингот е вашата подршка во донесувањето на значајни одлуки во вашата кариера, во време на промени, балансирање на приватниот и деловниот живот, поставување и остварување на фасцинантни цели, како и во многу значајни моменти од вашиот живот, деловно или приватно.
 

За кого е наменет коучингот?

Executive... дали сакаш да го ставиш своето функционирање под лупа? Да ги кристализираш своите можности и избори? Кој е твојот следен чекор? Дали успешно ги постигнуваш поставените цели? Биди мастер на твојот сопствен развој и пораст.
 
Manager... сакаш да ги активираш своите квалитети? Креативно да ги извршуваш своите задачи? Да ја зголемиш твојата ефективност, а со тоа и ефективноста на твојот тим? Да бидеш инспиративен лидер?
 
Diplomat... дали сакаш да ги усовршиш твоите дипломатски вештини? Да го збогатиш твоето дипломатско однесување? Да го усогласиш твоето невербално и вербално комуницирање?
 
Profesional... дали имаш потреба од независен поглед на ситуацијата во која се наоѓаш? Дали сакаш да почувствуваш повеќе самодовреба? Како да се справиш со големиот број на обврски? Како да се мотивираш и со задоволство да ги извршуваш работните обврски?
 
Personal... дали сакаш интензивна и индивидуална помош при барањето на ново работно место или креирање на свој бизнис? Дали сакаш да зачекориш во нов предизвик? Дали сакаш да ги усовршиш твоите квалитети и таленти?
 

Листа на придобивки на коучингот

- Градење на лидерство и лидерски квалитети
- Донесување на поквалитетни одлуки за вас и бизнисот што го раководите
- Градење на тимски дух
- Прецизно и темелно планирање, градење на бизнис стратегија
- Успешно поставување и постигнување на цели
- Намалување на стресот при работата