Извештај за донираните средства од еднодневните тренинзи на 100%Успех
Агенцијата за комуникација Ксантика од веќе одржаните дво-дневни тренинзи 100% Успех на 13 и 14 Мај, донираше 5% од влезниците во невладината организација ‘’Хуманост’’. Искра Донева самоиницијативно имаше желба, интерес и потреба да присуствува на тренингот и тоа и беше бесплатно овозможено.
На самиот тренинг Агенцијата Ксантика и Хуманост се запознаа со животната приказна на Искра Донева. Веднаш ја почувствувавме нејзината позитивност и желба за успех. Тоа беше доволно за да одлучиме да и помогнеме со средства за потребна физикална терапија, и секако се надеваме дека заедно со вас ќе допринесеме во остварувањето на нејзината цел, собирање на средства за трансплантација на матични клетки во Москва.
Безрезервна поддршка само од најблиските не е доволна и за таа цел Ксантика и Хуманост излегоа во пресрет на Искра и на нејзино барање, со донираните 5% од влезниците односно 6.000,00 денари обезбедија 10 дневна физикална терапија на Искра од физиотерапевт.
Ние од овде одиме понатаму и,
Поддршката за Искра продолжува!
Донираните средства од следните еднодневни тренинзи кои ќе ги организира Ксантика ќе бидат пренаменети за Искра со цел да се подобри нејзината здравствената ситуација за која и е неопходна трансплантација на матични клетки.
За неколку етапниот третман во Москва вкупно се потребни околу 62.000 евра + патни трошоци за неа и нејзиниот придружник.
Искрено се надеваме дека ќе наидеме на поддршка и разбирање од многумина и уште еднаш ќе потврдиме дека:
" Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите. "
Дени Томас
" Ако не си ја почувствувал често радоста на правењето добро дело, тогаш си запоставил многу, а најмногу од сé себе си. "
А. Нилен