рачно изработени кујнски даски

Манифестирање преку нашата креативност

Нашата приказна започна кога (беше месец Март 2015) Далибор зема да ми направи даска за сечење! Ја донесе дома и полн со возбуда рече дека неверојатно е како од едно на лик ”обично парче дрво“ може да се направи нешто што е толку убаво а во исто време и функционално.

И ете сега, тоа што ниту сме помислиле претходно, стана наша посветеност и наш семеен бизнис. Континуирано растеме преку процесот на изработката и учиме за дрвото, од дрвото.
Далибор & Кристина

Прекрасен додаток на вашата кујна кој е неопходен дел од домаќинството

Никојпат не би исекле или повредиле живо дрво

Изработката на кујнски дрвени даски за сечење и дрвени даски за сервирање, за нас се апсолутно инспиративна и креативна работа. Не само што ја истакнуваме нашата вештина преку изработката на дрвото туку и ја манифестираме својата бескрајна креативност која е резултат на нашето долгогодишно континуирано творештво во ликовната уметност!

Едноставниот начин на живеење во единство со природата, ни дарува квалитети со кои ги препознаваме и интегрираме убавините на мајката земја во нашето работење.

Нашите даски

Задоволство од инвестирање во дејност преку која се шири љубов

Со љубов и нега соработуваме со природните извори,токму затоа самата обработка на даските е со длабока сензитивност и почит кон дрвото. За оваа намена никојпат не би исекле или повредиле живо дрво.

Најчесто користиме ореово дрво од Македонија, високо квалитетно и ценето на овие простори, даб, брест и посебно се радуваме кога ке наидеме на поретки примероци како што е дивата цреша, дивата круша, костен, дудинка. Секако користиме и дрво од други поднебја - едноставно неможеме да одолееме колку се убави примероци постојат.

Ние сме пријатели на природата, за оваа намена никојпат не би исекле дрво во живот. Со занаетчиски пристап минимален е ефектот врз наштетувањето на природата. Од селата честопати спасуваме уникатни примероци на дрво кое селаните го планирале за огрев.

Нудиме рачна изработка на кујнски даски за сечење и послужавници за служење со уникатен дизајн. Изработени од квалитетно дрво, премачкани со органско ладно цедено кокосово масло и полирани со пчелична восочна паста кои се безбедни за сите што се грижат за своето здравје и не содржат никакви вештачи додатоци.

Нашите даски

Уникатен подарок за вашите драги пријатели