Што правите кога ви е потребна повеќе од обична обука?
Ако сте спремни да направите позитивна трансформација, да ги откриете вашите таленти и талентите на вашите вработени, да комуницирате мотивирачки и инспиративно изберете tailor made обука креативна комуникација.
Како да бидете одличен комуникатор и да станете успешни како најпознатите ВИП комуникатори во светот: Donald Tramp, Nelson Mandela, Oprah Winfrey?
Комуникација ослободена од ограничувања, несекојдневна, а со големи успеси и позитивни резултати. Уникатен стил на обука - обука во која се е можно, со цел да излезете од границите на познатото за побрзо да ја постигнете својата цел.
Обуката ја води Марина Анчевска. Големо значење им придава на вашите потреби и затоа практикува јасно поставување на целта која што вие и вашата компанија сакате да ја постигнете со тренингот. На основа на вашата цел и потреба, содржината и времетраењето на тренингот ги изработува по ваша мерка - Tailor made.
По завршувањето на тренингот ви стои на располагање за секаков вид на прашања како и изработка на извештај за резултатите од тренингот.
Фокус
Учесниците на тренингот треба да ја разберат:
- Суштината на комуникациските вештини, зошто се тие важни и како да се биде успешен комуникатор
- чувството за практична примена на стекнатите знаења
Цели
Ќе научите многу техники кои можете веднаш да ги примените и секој ден да ги користите:
- воспоставување на одличен невербален контакт со соговорникот (93% од комуникацијата е невербалната - говор на телото)
- брзо препознавање на субјективното искуство - со кои сетила ја примате информацијата, како ја преработувате и зошто е тоа важно?
- брзо препознавање на потребните ресурси за успешно остварување на целта - типови во тимот - расветлување на другите и себе
- брзо препознавање што и кому е важно, кој како одлучува, и индивидуално однесување кон секого
- јасно и едноставно поставување на цели
Резултати:
Учесниците до крајот на обуката ќе се оспособат:
- да се стекнат со карактеристики на В.И.П. комуникатор
-да го прилагодат сопственото однесување со нивните уверувања и идентитет
- да чекорат сигурно кон целта - да станат одлични мотиватори
- да ја ценат тимската работа и со тоа да креираат меѓусебна доверба -да ги усовршат сопствените интерни и екстерни комуникациски вештини
- да бидат професионалци во секоја ситуација