Пријава и резервација на место
Пријава за учество можете да извршите on-line директно на нашата интернет страница, телефонски или преку е-маил. Пред да се пријавите, Ве молиме детално да ги прочите условите за соработка.
Веднаш по Вашето пријавување, ние ќе Ви доставиме фактура со информации за можностите за плаќање. Ве молиме обрнете внимание на следново: место на тренингот Ви е обезбедено единствено по извршување на Вашата уплата. Бидејќи бројот на учесници за тренингот е ограничен, предност ќе имаат оние лица кои први уплатиле.
Две недели пред почеток на тренингот ќе Ви доставиме покана со неопходните податоци (програма, локација за одржување на тренингот и др.) како и сметка. Поканата претставува и потврда дека е обезбедено Вашето место на претстојниот тренинг.
Fair play понуда
Вашата пријава е обврзувачка. Пријавата со платеното учество можете да ја откажете најмногу 2 недели пред датумот на одржување на тренингот. По истекувањето на овој рок, доколку самите не обезбедите лице кое ќе го замени Вашето место ниту пак друго лице од листата на чекање не е во можност да Ве замени, ние имаме право да ја задржиме уплатената котизација, а Вие добивате од нас Ваучер кој можете да го искористите за некој подоцнежен тренинг.
Ве молиме да имате разбирање за нашите правила на работа, што се должи на фактот дека:
Сепак, разбираме дека не може да се влијае на сите околности и затоа целата сума од Вашата направена уплата ќе ја пресметаме за некој од нашите следни тренинзи.
Уплата однапред
Доколку сте уплатиле однапред комплетен сет на тренинзи и со тоа сте добиле попуст од нашата Агенција, а бидејќи со тоа го олеснувате нашето планирање на термините за одржување на тренинзите, тогаш се обврзувате да присуствувате на тренинзите во договорените термини. Доколку, сепак сте спречени од различни причини да присуствувате на некој од модулите од комплетниот сет на тренинзи, ќе Ви овозможиме да го користите дадениот модул во оној момент кога истиот повторно ќе биде одржуван и доколку има место. Вие сте обврзани самите да се информирате во нашата Агенција за следните можни термини, како и повторно да се пријавите, по што ние ќе Ве известиме за рапосложливото место.
Што опфаќа цената
Во цената влегува самиот тренинг како и работните материјали (прирачник, работни листови, тестови, сала..), исто така и кафе/чај, колачи и овошје за паузите, како и лесен ручек.
Плаќање на рати
Во услови на навремена пријава за комплетен NLP Business Practitioner можете тренинзите да ги плаќате и на рати. Ве молиме да ни се обратите за натамошни детални информации и договори.
Откажување / одложување на тренингот
Доколку ние мораме да го откажеме тренингот од било кои оправдани причини (пр. Болест на тренерот или недоволен број на учесници) или пак виша сила, Ви ја враќаме уплатената котизација. Ако го промениме терминот за семинарот, ќе Ве известиме за тоа во најкус можен временски рок и доколку Вие не сте во можност да учествувате на новиот термин, Ви ја враќаме целата сума на уплатената котизација.
Гаранција на квалитетот
Ксантика го задржува правото да ги исклучи од тренингот оние учесници кои со своето однесување ја загрозуваат сигурноста на другите учесници, или пак го попречуваат текот на тренингот на таков начин што не е возможно успешно и непречено одвивање на процесот на учење на останатите учесници во групата. Во тој случај, ние задржуваме 50 евра за нашите трошоци за организација на тренингот од вкупната уплата, а потоа и рефундираме половина од дневните трошоци за оние денови од тренингот на кои пријавениот кандидат нема да биде присутен.
Одговорност
Секој учесник сноси потполна одговорност за себе и за сите штети кои ќе ги направи за времетраењето на тренингот.
Сертификација
За да се добие Сертификат од нашата Агенција, неопходно е 100%-но учество на соодветно наменетите тренинзи, вежби и воннаставни активности. По успешно завршениот тренинг и завршниот испит, добивате сертификат кој можете да го приложувате како доказ дека сте ја апсолвирале нашата едукативна школа. Овој сертификат може да Ви послужи за разни институции, стручни асоцијации, државната администрација и секако Вашето CV за идни вработувања. Сертификатите за NLP Business Practitioner, NLP Master и NLP Trainer се меѓународно признати, секој од нив покрај нашиот, има и печат на IANLP - International Association for Neuro-Liguistic Programing бидејќи нашите тренинзи поседуваат светски стандарди, а нашите тренери се акредитирани експерти.