Работилниците се одржуваат во Фитнес Центарот Титаниум www.titaniumskopje.com
Витални Програми
Тренинг центарот Ксантика организира разновидни витални работилници со цел да го подобрите квалитетот на вашето живеење.

Креатор и тренер на виталните работилници е Марина Анчевска, основач на Тренинг центарот Ксантика. Марина е сертифициран тренер за личен и професионален развој како и сертифициран Јога учител со долгогодишно искуство во одржување на разновидни тренинзи во Холандија и Македонија.

Таа успешно ја комбинира јогата со потребите на современиот човек како во светот на бизнисот така и за поединците.

Надомест за учество на работилницата изнесува 400 денари.

ДАТА НА ОДРЖУВАЊЕ:

ВРЕМЕТРАЕЊЕ:

ТЕМА НА РАБОТИЛНИЦАТА:

21 јануари

10:00 – 12:00

Динамична јога

4 фебруари

10:00 – 12:00

Кундалини јога

18 фебруари

10:00 – 12:00

Energy dance

3 март

10:00 – 12:00

Динамична јога

17 март

10:00 – 12:00

Dance Yoga

31 март

10:00 – 12:00

Јога за трудници

14 април

10:00 – 12:00

Техники на дишење, визуализација и медитација

28 април

10:00 – 12:00

Energy Dance Yoga


Динамична јога 
Динамичната јога е микс од различни стилови на јога. Токму тоа го прави вежбањето интересно и несекојдневно. 
Јога позициите се изведуваат динамично со цел побрзо да се отстранат физичките блокади. Динамичната јога е разнолик систем од вежби кој не само што го зајакнува физичкото тело туку го подобрува функционирањето на сите органи и ја зголемува менталната кондиција.

Кундалини јога 
Кундалини јогата е физичка, ментална и духовна дисциплина за развивање на целосна кондиција, креирање на свесност и карактер. Вежбите се динамични со изразено кундалини огнено дишење кое што брзо и ефикасно остранува секакви блокади и го ревитализира целиот организам. 

Energy Dance 
Иновативен вид на денс во кој без кореографија го следиме движењето на телото во сооднос со ритамот на музиката. 
Energy Dance предизвикува во Вас експлозија од позитивна енергија и вибрации. Играјте и активирајте ја Вашата енергија, почувствувајте се слободни и среќни, разбудете го ритамот на вашето тело. 

Energy Yoga 
Динамични јога позиции во ритамот на World music.